Брзите набавки на ЛНГ во светот и топлото време доведоа до неочекуван резултат – Европа има премногу гас.
Но, кризата е далеку од завршена. Оваа зима многу ќе зависи од временските услови, покажува анализата на агенцијата Блумберг.



Одеднаш, Европа се најде со повеќе гас отколку што и требаше.

Жедна за увоз од Русија, на која долго време се потпираше, Европа побрза да купи течен природен гас од целиот свет за да ги наполни своите складишта.

Времето е невообичаено топло, а барањата за ЛНГ се исполнети во најголем дел, така што складиштето во регионот е речиси полно пред почетокот на грејната сезона.

Сепак, многу зависи од времето. Доколку дојде до студен бран, Европа ќе мора веднаш да ги искористи своите резерви. Надлежните се загрижени поради заканата од натамошна саботажа на енергетските капацитети, бидејќи тоа суштински би ја променило состојбата на пазарот.

Но, сега, на крајот на октомври, ситуацијата на континентот е многу подобра отколку што се осмелија да се надеваат политичарите.