Илко Стојанов, градоначалник на Благоевград, за Бугарската телеграфска агенција (БТА) се произнесе околу отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ најавено за в недела.
„Благоевград е мултинационален град, тука отсекогаш живееле луѓе од различни националности, немаме никаков проблем меѓусебе, напротив, ние сме една заедница. До овој момент немало тензија во градот, се надевам дека и понатаму ќе нема и оти овој клуб нема да биде повод и нема цел создавање тензија“, изјави тој.
Стојанов нагласува дека клубот се отвора на приватен имот и општината нема врска со тоа, освен што добила писмо од Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права со известување за отворањето. Тој додава и дека општината има одлична соработка со локални власти од Македонија.






