Пендаровски за Димитриевски: Се срамам што такви „прелетачи“ воопшто ме гласале!

Претседателот Стево Пендаровски реагира за јавното каење од кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски што го поддржал и водел кампања за него на изборите за шеф на државата.



„Она што е најиронично и што прилично ме изненади, да не кажам ме разочара како човек, е од кого доаѓаат таквите критики. Значи, доаѓаат од човек, градоначалникот на Куманово, кој во 2018 година гласаше за Преспанскиот договор, зошто партијата така му кажала. Во меѓувреме, веројатно не се договориле со партијата што треба да му дадат и тој ја менува плочата и сега последниве месеци или година дена е поголем вмровец од вмровците. Знаете, морам најискрено да ви кажам, навистина се срамам што такви политички ‘прелетачи’ воопшто ме гласале“, изјави Пендаровски во интервјуто во „Дневникот“ на ТВ Сител.

Димитриевски вчера јавно му забележа на Пендаровски што при посетата на Полска пред неколку дена не рече ни Македонци ни македонски народ, туку „народот кој што таму живее“.