Во дводневната посета на Македонија се наоѓа Сер Стјуарт Пич, Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, објави британската амбасада во Скопје
,,За време на посетата на С. Македонија, Сер Стјуарт ќе има можност да се сретне со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на владата Димитар Ковачевски, првиот заменик на претседателот на владата Артан Груби, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Целта на посетата е да се разговара за понатамошниот развој на силните билатерални односи меѓу Обединетото Кралство и С. Македонија; да се повтори силната посветеност на Обединетото Кралство на евро-атлантската интеграција на С. Македонија и да се потврди посветеноста на Обединетото Кралство за зајакнување на стабилноста, демократијата, владеењето на правото и справувањето со криминалот и корупцијата во земјата и регионот на Западен Балкан”, стои во најавата на амбасадата на Обединетото кралство во Скопје.





