Александар Вучиќ итно одговорил на писмото што му го испратиле претставниците на Српската листа од Косово, и закажал и Совет за национална безбедност, пренесуваат српски медиуми.
Српската листа побарала средба поради, како што наведуваат, „најавата на Албин Курти дека на 1 ноември ќе започне со запленување на имотот на српските граѓани и возилата со српски регистарски таблички“.






