Рејтингот на американскиот претседател Џо Бајден е блиску до најниското ниво од неговото претседателствување, покажа анкетата на Ројтерс/Ипсос, која заврши вчера.



Дводневната национална анкета покажа дека 39 отсто од Американците ја одобруваат работата на Бајден, што е помалку од процентен поен помалку од една недела претходно.

Ова доаѓа само две недели пред среднорочните избори во САД, на кои ќе се иозбираат членови на Претставничкиот дом и на Сенатот.

Непопуларноста на Бајден оди во корист на републиканците за кои се смета дека ќе ја освојат контролата над Претставничкиот дом на САД и веројатно Сенатот на 8 ноември. Контролата дури и на еден дом на Конгресот ќе им даде на републиканците моќ да ја запрат законодавната агенда на Бајден.

Според анкетата на Ројтерс/Ипсос, третина од испитаниците ја избрале економијата како најголем проблем во земјата, многу повеќе од оние од 10% кои сметаат дека тоа е – криминалот. Само еден од 20 ги споменува правата за абортус.

Според повеќето Американци, Бајден не се занимава со најважните прашања за земјата.

Само 31 отсто од прашаните ги одобрија приоритетите на шефот на државата.

Спротивно на тоа, 63 отсто рекле дека сакаат Бајден да посвети повеќе внимание на прашања како што е инфлацијата.