Дали Зајкова од ЛДП се согласува Трница да се вика Дивоградбица (ТВИТ НА ДЕНОТ)

Прашања и дилеми во јавноста откако ЛДП предложи во Македонија да се користи украинска транскрипција и наместо Киев да се нарекува Киив.



Потенцијалната лидерка на ЛДП која предлага јазични промени предходно стана дел од афера со илегално изградени вили во заштитена зона на националниот парк Маврово.

,,Зајкова гласаше со нелибералниот Преспански да не смееме да пишуваме Солун, туку само Тесалоники.
Сега вика да не сме го викале Киев, туку Киив.
♦️Човече, каков ли е овој “либерален клиентелизам”.., па дали и Трница треба да ја викаме Дивоградбица❓️”, прашува Ана Стевановска на Твитер.