Откако пред десетина дена вицепремиерот Артан Груби замина во Тетово на партиска трибина со владино службено возило денеска и премиерот направи исто прекршување на владиниот кодекс на однесување и антикорупциските правила.
Ковачевски на партиска трибина во Битола заминал со владини возила обезбедување односно користел државни ресурси за партиски цели.
Колоната државни возила кои одат на партиски настан е снимена на пат кон Битола.
Во случајот со Груби тој беше повикан од вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска која се уште нема објавено која е казната за првиот вицепремиер.
Дали Грковска ќе преземе нешто против Ковачевски кој ја именува да врши надзор на доброто владеење ќе се види наредниве денови.
Во секој случај користење на државни ресурси за приватни или партиски цели е јавна корупција за која може да следуваат и санкции согласно кривичниот законик.
Дури и за Грковска ако не преземе соодветни чекори против Груби и Ковачевски.






