На истиот ден кога ВМРО-ДПМНЕ објави детали за имот на високи функционери на СДСМ кој е непријавен и можеби стекнат на спорен начин падна веб страната на катастар.мк.
На оваа страница направена во времето на предходната влада може да се видат директно сите имоти, парцели, плацеви и градби на сите граѓани вклучително и на функционерите кои ВМРО-ДПМНЕ ги споменува во аферата Тајни имоти.
Зошто паднал еден од најдобро одржувани сајтови во Македонија засега нема официјално објаснување но останува фактот дека мистериозниот колапс на изворот од каде можат да се проверат наводите за корупција од ВМРО-ДПМНЕ се случува на денот на објавата на детали за аферата.
Секое влегување во системот на сајтот катастар.мк и промена на податоците може да биде кривично дело ако не е направено во соодветна процедура.






