Бугарија на второ место во ЕУ по смртност на децата

Бугарија е на второ место по смртност кај децата, а ризикот детето да не наполни 5 години е за 55% поголем од земјите во Европската унија.
Ова истражување беше претставено на конференција организирана од Фондацијата „Труст за социјална алтернатива“. Се базира на проектот „Здравје на мајките и децата кај ромската заедница помеѓу 0 и 3 години“ на 11 невладини организации.



Статистиката покажува и дека кај нас секое шесто дете до 6 години живее во сиромаштија поради ниските примања на родителите, објавува Њуз.бг.

Проблемите во Бугарија поврзани со поддршката на развојот на децата се на повеќе нивоа: не постои насочена политика за дроги; нема јавна услуга за доење и правилно хранење, не постои национална програма за хранење, потребно е рано учење. Проектот смета дека за да се подобри здравјето на децата, секоја трудница треба да има пристап до пренатална грижа, лековите за деца до 3 години да бидат бесплатни, а за децата да се обезбеди соодветна исхрана, пуишува Њуз.бг