Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска пристигна во ненадејна посета на Украина, јавува „Ројтерс“.
Ова прва посета на шефот на германската држава на Украина од почетокот на војната во февруари годинава.
Тој требаше да го посети Киев минатата недела , но посетата, како што беше јавено, беше одложена од безбедносни причини.
Штајнмајер во април требаше да ја посети Украина заедно со претседателите на Полска, Латвија, Литванија и Естонија.
Но, во последен момент, официјален Киев одби да го прими германскиот претседател со образложение за негов ите ставови кон Москва.
Ова беше оценето како скандал, без преседан.
„Мојата порака до Украинците е дека ние не само што стоиме покрај вас. Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина, економски, политички и воено“, рече претседателот по неговото пристигнување.
На Германците тој им упати порака: „Да не заборавиме што значи оваа војна за луѓето овде во Украина. Колку страдања, колку уништувања има. На луѓето во Украина им требаме“.






