Сончево со температури до 28 степани

И за денеска од УЏМР прогнозираат сончево и релативно топло време со мала локална облачност, со утрински температури од 4 до 10 степени, додека максималните дневни ќе достигнат до 28 степени.



Во Скопје ќе биде слично време при што минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Сончево и релативно топло време се најавува и за наредните денови од оваа недела.

Утре, според прогнозата на УХМР, максималната температура ќе достигне до 27, а слично ќе биде и во наредните денови.