Грчките медиуми не престануваат да се занимаваат со „скандалот“ што го предизвика градоначалникот на Солун Јанис Бутарис кој за време на посетата на Скопје ја нарече соседната земја Македонија.
„Оваа чудна бучава што ја создадов затоа што го нареков Скопје ‘Македонија’ ја примам рамнодушно како мраз, бидејќи повторното оживување на таквите ‘инциденти’ е лошо за обидите да се развијат подобри односи“, вели Јанис Бутарис.
Тој изјави дека пред да замине за Скопје го информирал министерот за надворешни работи Никос Коѕиас, кој го охрабрил за посетата.
За патувањето и за средбите што ги имаше Бутарис информира дека следуваат по посетата на министерот Никола Димитров на Солун.
„Повеќе од еден милион ‘Скопјани’ доаѓаат на поширокото подрачје на Солун, без разлика дали се на одмор или за забава. Кога велиме дека сакаме (Солун) да стане метропола на Балканот, ова не се прави со зборови. Мора да развиете добри односи и да бидете водач“, рече тој.





