Планинарот од Куманово, Бобан Стефановски, го искачи највисокиот планински врв Дамаванд во Иран и Мала Азија.
„Откако знам за себе, отсекогаш сум ја сакал природата. Љубовта кон планините и природата била отсекогаш присутна, меѓутоа, моментот кога првпат отидов на планина беше сосема случајно договорен претходниот ден со мои пријатели пред десетина години. И оттогаш не застанав“, вели Стефановски кој веќе 10 години е планинар.







