Мицкоски: Не за тие што бараат бинационална држава и федерација за уривање на унитарна Македонија (ВИДЕО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на свечен настан во чест на годишнината од основањето на историското ВМРО порача дека е подготвен на семакедонско обединување со цел да се спречи Македонија да се претвори во бинационална држава и федерализација за да се урне уникатниот карактер на земјата.



За таа цел тој е подготвен и со премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски.

“И од сето тоа имаме само дополнителни услови. Затоа треба да разговараме лице в лице. Треба да се зборува и во Берлин, и во Париз, и во Брисел, но и тука кога ќе дојдат во Скопје. Ајде да ги ставиме аргументите на маса. Ако ја смениме Преамбулата ќе бидеме ли во 2030 година членка на ЕУ?

Ајде да зборуваме дека нема никој понатаму поради билатерални прашања да ни става вето. Доста губеше овој народ од својот идентитет, време е нешто да добие. Дополнителен услов добивме од политичари кои велат, ние тоа ќе го поддржиме, но имаме наш услов. Дали тоа ќе значи поголемо право на некоја индивидуа да се изрази?

Но, затоа првата реакција од таму беше дводомен парламент. Значи дојдовме до суштината, а тоа е бинационална држава, подоцна и федерација. Тоа ли е целта? Да се наруши унитарниот карактер на Македонија?

Затоа упатам порака и до нашиот политички противник СДСМ и ги повикувам на семакедонско обединување за овие прашања.

Подготвен сум да разговарам лице во лице со Димитар Ковачевски, со секој еден од нив во и надвор од Македонија. Затоа што тоа го бара од нас македонскиот народ во Македонија и македонската дијаспора секаде во светот, да ги исцртаме македонските црвени линии и од тие линии да не смееме да се поместиме”, порача Мицкоски на трибината.

Обраќањето на Мицкоски од 1 час и 30 минути од видеото

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=5681692608550051&id=100044158072981