Руски борбен авион падна врз станбена зграда во Иркутск (ВИДЕО)

Руски борбен авион се урна во станбена зграда во сибирскиот град Иркутск, соопшти регионалниот гувернер Игор Кобцев.



Тој објави видео на кое се гледа пожарот во двокатна станбена зграда.

Во авионската несреќа загинаа и двајцата пилоти, рече Кобчев и додаде дека нема други жртви.

Ова е втор ваков инцидент во последните шест дена. Минатиот понеделник најмалку 15 цивили загинаа кога руски борбен авион удри во станбена зграда во рускиот град Јејск, недалеку од границата со Украина.