Скандал: Директор на ПИОМ од ДУИ плаќа советник ,,фискултурец” (ВИДЕО)

Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување инаку кадар на ДУИ плаќа советник со образование кое нема никаква врска со пензии, инвалидски проблеми, право, финансии или други корисни знаења.



Директорот во изјава за новинарот на ТВ Клан Фуркан Салиу вели дека работата му била тешка и морал да се потпре на луѓе кои му се блиски како фискултирецот кој му е како братучед.

,,Прашање за милион евра… Што го советува директорот на ПИОМ професор по фискултира?
За жал не добивме одговор но рака на срце директорот и вработените во ПИОМ се фит :)”, пишува Салиу кои пред десетина дена ја обвини директорката на Детската клиника во Скопје дека земала пари за дежурства додека била на службен пат во странство.

Проценете сами од видеото дали министерката за добро владеење Славица Грковска Антикорупциската комисија и обвинителството имаат чист предмет со функционерот на ДУИ кој вели дека функцијата му била опасна и му се заканува затвор или да си оди дома.