Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека иако не донел формална одлука да се кандидира за реизбор во 2024 година, неговата „намера“ е да го стори тоа, пренесува Си-Ен-Ен.
„Причината поради која не се изјаснувам за тоа дали официјално да се кандидирам или не е затоа што штом ќе ја донесам таа пресуда, цела група правила влегуваат во игра и морам да се третирам себеси како кандидат од тој момент па натаму.
Не ја донесов таа официјална одлука, но тоа е мојата намера – мојата намера повторно да се кандидирам. И имаме време да ја донесеме оваа одлука“, објасни тој.
Прашањето за политичката иднина на Бајден ќе биде во центарот на вниманието на демократите по среднорочните избори во ноември, на кои партијата се бори да ја задржи контролата врз Конгресот. Изјавите на претседателот за тоа дали ќе поднесе уште една кандидатура за Белата куќа покренаа прашања за претседателската трка во 2024 година.
79-годишниот Бајден е веќе најстариот претседател воп историјата на САД.






