Просечната исплатена нето-плата по вработен, во август годинава, изнесувала 31 871 денар и е за 11,3 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Дека бројките се точни тоа нее спорно, но прашањето е кој реално ја зема оваа плата, со оглед на галопирачката инфлација која ближи до 20%. Работниците се жалат дека едвај стигаат до 25.000 денари, а Владата само се фали преку институциите дека платите растат, но според граѓаните – тие растат, но само на хартија, во пракса тоа се случува многу ретко. Токму затоа работоспособното население масовно се иселува од Македонија во потрага по подобра жиевачка, пожауваат статистичките податоци.
Зголемувањето се должи, пред сѐ, на порастот на просечната плата во секторите: Преработувачка индустрија (16.2 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16.1 %) и Уметност, забава и рекреација (15.6 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, пак, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.1 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3.8 %) и Рударство и вадење на камен (3.1 %).





