Враќањето кон преговорите мора да биде дел од патот за ставање крај на руската војна против Украина. Украина мора да утврди дали дошол таков момент, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.
Запрашан што би можеле да направат Франција и другите европски партнери за да се стави крај на војната во Украина, Макрон рече дека тоа е „најважното, но и најтешкото прашање“.
Ние не се бориме во Украина. “, рече францускиот претседател.
Според Макрон, постигнувањето на оваа цел – крајот на војната – имплицира дека условите на теренот ќе се развијат на таков начин што ќе им овозможат на Украинците да веруваат дека е дојдено време да се вратат на преговарачката маса.
„Зошто го велам ова? Затоа што ја поддржуваме Украина додека го брани нејзиниот територијален суверенитет и нејзините граници. Затоа, не можеме во име на Украина да кажеме дека овој или оној момент е прифатлив или не“, рече Макрон.
„Тие пред сè зависат од развојот на конфликтот на теренот, како и од одредени суверени одлуки кои мораме да ги почитуваме….“, рече Макрон.
Кремљ се почесто зборува за преговори.
Целите на руската „специјална воена операција“ во Украина се непроменети, но може да се постигнат со преговори. Ова на 13 октомври го изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за рускиот весник „Известија“.







