Гужва, сообраќаен хаос и нервозни граѓани во главниот град откако ЈСП го пушти, па го редуцираше градскиот јавен превоз. По притисокот од јавноста, градоначаличката на Скопје Данела Арсовска конечно ги тргна автобусите од пред Влада каде уште од синоќа беа паркирани.
Инаку, скопјани веќе трет ден не можат нормално да се движат по главните булевари, бидејќи таму, но и пред Владата цел ден беше блокирано движењето во двата правци. Дел од автобусите што стоеа таму предмалку почнаа да возат и се вратија на линиите, но со доцнење. Граѓаните се жалат дека тие ги нема и по половина час, а некои и повеќе.
Од Сидникатите на ЈСП за Алфа велат тие немаат врска со автобусите пред Влада и не возат по нивната траса. Тој вели дека тоа е помеѓу градоначалничката на Данела Арсовска и ве-де директорот на ЈСП Александар Стојковски, кои на тој начин вршат притисок врз Владата со цел да бидат наплатени долговите. Од менаџментот на ЈСП нема одговор зошто автобусите повторно осамнаа пред Влада.
Инаку, вчера Град Скопје пренамени 2 милиона евра од буџетот за плати на ЈСП за до крајот на годинава. На втората вонредна седница на градскиот Совет се усвои одлуката за да може да се префрли плата на вработените.
ЈСП кое е клучно за функционалноста на главниот град подолго време се „дави“ во долгови, но моменталната ситуација се смета за најкритична досега, а сето тоа паѓа врз грбот на граѓаните.
Целосната слика од главниот град, погледнете ја на овој линк.





