Претставничката на вицепремиерот Бојан Маричиќ кога тој беше во Министерство Правда во процесот покренат од организацијата ,Млади за Македонија” ги убедувала судиите и тужителите дека е лошо во правниот промет да се користи Македонија од Македонците.
Во историскиот процес кој заврши со триумф на Млади за Македонија и со дозвола сите граѓани и организации да можат да го користат зборот Македонија без употреба на додавката Северна, застапничката на министерството за правда тврдела дека е противзаконски ако се користи за неа спорниот термин Македонија.
Застапничката на Министерството за правда е Мира Димишковска и нејзиното име ќе остане во аналите на современата македонска историја како прва личност од македонската администрација која официјално и формално правно се борела за укинување на името Македонија за употреба во имиња на невладини организации и граѓани.
Правничката од Министерството за правда која работи како шефица на одделот за политички систем во правда, во исто време е првата Македонка која загубила процес во кој нејзината институција забранува користење на зборот Македонија.
Засега нема информации дали Мира Димишкоска е во некаква релација со контроверзните судијка и адвокат Димишковски инаку брат и сестра, кои беа споменувани за скандали поврзани со судски случаи каде се споменуваа Зоран Заев и суми од милиони евра.
Димишкоска и нејзиниот поранешен шеф во Министерството за правда Бојан Маричиќ се првите Македонци кои барале забрана за зборот Макеоднија.
Пред нив барање за елиминација на Македонија, како што објави професорката Катерина Тодоровска од ИНИ, побарала руската влада која во 1903 година од Цариград побарала Македонија да не се нарекува со своето име туку како ,,трите вилаети”.
Повеќе детали за случајот со шефицата на Одделот за политички систем во министерството за правда.
Падна забраната на Маричиќ за употреба на името Македонија од Македонците (ВИДЕО)






