Запрашан дали Србија ќе воведе санкции кон Русија, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека се“ додека не постои егзистенцијална закана за Србија и нејзините граѓани, Белфрад ќе води политика на независност.
„Доколку дојдеме до ситуација да ни се закануваат, ќе се обратам до граѓаните и ќе кажам… Горд сум што 240 дена ја водевме нашата политика самостојно, но и јасно кажавме што мислиме за упадот на Руските сили во Украина“, рече Вучиќ.
Апсолутно ништо не ѝ должиме на Русија, рече тој и додаде дека се сеќава „што направија во 2015 година“.
„Ви благодариме што го заштитивте нашиот интегритет во Советот за безбедност со Кина“, рече тој и додаде дека „не е фер некој од Русија да ѝ се лути на Србија“.






