По изјавите на пратеникот и лидерот на политичката партија „Преродба“, Костадин Костадинов за време на конститутивната седница на Народно Собрание на Република Бугарија, Министерството за надворешни работи, преку амбасадата на Република Бугарија во Скопје, упати вербална нота до Министерството за надворешни работи на Бугарија, во која изрази крајно незадоволство од содржина на изјавата во која јавно изразуваат иредентистички и територијални претензии кон Република Македонија.



Костадинов од политичката партија „Преродба“ за време на седница од новиот бугарски парламент, рече дека Македонија е втората бугарска држава.

„Должни сме да го заштитиме бугарскиот национален интерес во втората бугарска држава во Европа, Македонија или како што е од скоро Северна Македонија“, изјави Костадин Костадинов.