Радев: Без претседател на парламент нема да има консултации за влада


Претседателот на Бугарија, Румен Радев, предупреди дека е крајно време да се најде излез од политичката криза, откако ппартиите во парламентот два дена не усеаја да се договорот за претседател на новото 48 Народно собрание.



Тој изрази надеж дека разумот ќе надвладее… Тоа значи барем да се обединиме околу претседател за да може да функционира и да започнеме консултации пред да го предадеме првиот мандат за формирање влада“, додаде Радев.

Запрашан да ја коментира тезата што ја покренаа бугарските политички лидери дека постои закана за парламентаризмот во Бугарија и дека земјата се движи кон владеење на еден човек, претседателот ги повика лидерите на политичките партии, особено оние што се претставени во парламентот, конечно да преземат одговорностза да се избегнат вакви кризи.

Според него, изненадува тоа што Народното собрание на самиот почеток почна со уставна криза.

Новоизбраните народни пратеници денеска повторно ќе заседаваат, и засега според медиумите и аналитичари се очекува поинаков тон во дискусиите.