На прашање што мисли за противењето на претседателот Зоран Милановиќ Хрватска да биде една од земјите каде што може да се обучуваат украинските војници, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ одговори со жестоки квалификации:
„Згрозен сум, некој е проруски ориентиран цела година, а сè уште не сме сфатиле зошто.
Можете или да бидете корисна будала на Путин или да имате некоја причина да го правите тоа. Нешто од тоа е.
Тоа се истите оние кои се двоумеле да ја усвојат резолуцијата за Украина.
Што е проблемот со тренинзите? Ова не значи или да се донесе војна во Хрватска или да се вовлече Хрватска во војна, туку да се воведе доследна поддршка за жртвата.
Ако Хрватска има дилеми, се прашувам со кого си имаме работа“, изјави Пленковиќ, пренесува RTL.
Милановиќ не дозволува обука на украински војници во Хрватска
На прашањето дали е потребно претходно да се договори со претседателот за да се избегнат непријатни ситуации на надворешнополитичката сцена, Пленковиќ одговари:
„Ако тој и неговите неписмени, надворешнополитички, послушници се спремни да го блокираат, ајде, здружете се, блокирајте и да видиме, тоа ќе остане во историјата во Хрватска, за да знаеме, Русија направи агресија против Украина, хрватската влада сакаше да помогне, неговата неписмена надворешна политика, проруските актери сакаа да го блокираат тоа“, рече меѓу другото Пленковиќ.






