ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска е најнеспособниот градоначалник во историјата

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека Данела Арсовска влегла во историјата како најнеспособниот градоначалник и единствена на која ѝ успеало да банкротира претпријатие.



„Арсовска влезе во историјата како најнеспособниот градоначалник и единствена на која и успеало да банкротира претпријатие. Таа треба да си поднесе оставка зошто е неспособна и ги измами скопјани“, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ откако Скопје остана без јавен превоз поради неисплатени плати за вработените во ЈСП Скопје.