САД против договорот Турција-Русија за заеднички центар за природен гас

САД изразија противење на договорот објавен од Турција за создавање центар за природен гас во соработка со Русија, објави Greek reporter.



Турскиот претседател Таип Ердоган во средата изјави дека се договорил со неговиот руски колега Владимир Путин за формирање центар за природен гас во Турција.

Ердоган: Се договорив со Путин, Европа ќе добива гас преку Турција

Стејт департментот на САД реагира:

„Ние работевме тесно со нашите сојузници и партнери за да наметнеме сериозни трошоци за Русија, вклучително и преку санкции, извозни контроли, визни ограничувања. Ги повикавме Турција и сите наши сојузници и партнери дека никој не треба да стане безбедно засолниште за незаконски руски средства или трансакции и ќе продолжиме да го правиме тоа“, рече Ведант Пател, главен заменик портпарол на Стејт департментот.

„Што се однесува до разговорот за енергија, ние продолживме да ги повикуваме нашите сојузници да преземат чекори за диверзификација на нивните извори на енергија, за да го намалат енергетското зависност од Русија.

А, во случајот со Турција, ние тесно соработуваме со нив за да им помогнеме во нивните сопствени напори за подобрување на енергетската безбедност на долг рок“, додаде тој.