Премиерката на Британија, Лиз Трас, поднесе оставка

Пo само 45 дена на функција, премиерката на на Велика Британија Лиз Трас поднела оставка.



Лиз Трас со тоа стана премиерка со најкраток стаж во британската историја, откако беше на функцијата само 45 дена.

Трас го наследи Борис Џонсон како премиер на 6 септември, откако го победи Риши Сунак во натпреварот за лидер на Конзервативната партија.

Лиз Трас денеска изјави дека поднесува оставка од функцијата откако нејзината економска агенда го наруши пазарот и ја подели нејзината Конзервативна партија.

Трас изјавила дека разговарала за нејзината оставка со британскиот крал Чарлс, пренесе Ројтерс.

Таа ќе ја извршува функцијата премиер додека не се избере нејзиниот наследник.

Британските медиуми наведуваат дека нејзиниот наследник на функцијата ќе биде познат во текот на следната недела.