Откао вчера протоколот на МНР ги помеша знамињата на Словенија и Словачка, на официјалната средба на шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон со министерот Бујар Османи, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска пред владата однесе Атлас со знамиња.
„По не знам кој пат ја посрамотуваат државата. За таа цел денес им носиме атлас на знамиња од светот со лепенки низ чие собирање владата ќе ги научи знамињата.
Имаме разбирање дека е комплицирано да се разликуваат знамињата и поради ова се потрудивме преку вакви интерактивни содржини да им помогнеме да се запознаат со знамињата од светот и да не се случуваат вакви пропусти во иднина.
Ве молиме да нè известите ако другите институции имаат потреба од вакви помагала, стоиме на располагање да помогнеме“, рече Александра Николовска од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.






