Бугарскиот парламент и по шесто гласање не може да избере спикер

По петтото и наредното шесто гласање по ред, пратениците на ново бугарско Собраниеповторно не успеаја да изберат претседател.



Шефовите на пратеничките групи бараат решение за случајот на седницата на Претседателскиот совет, јавува БГНЕС.

За функцијата парламентарен спикер има четворица кандидати – Росен Желјазков од ГЕРБ-СДС, Петар Петров од Преродба, Кристијан Вигенин од БСП и Јордан Цонев од ДПС. На вонреден брифинг синоќа политичката партија „Продолжуваме со промената“ ја повлекоа својата номинација – на Никола Минчев.

Во вториот круг стигнаа Јордан Цонев и Росен Желјазков, но ниту еден од нив не доби повеќе од половина од гласовите на присутните пратеници.

Подготвени сме повеќе да не го номинираме нашиот кандидат за претседател на 48-то Народно собрание. Ова пред новинарите на маргините на Собранието го изјави Десислава Атанасова од ГЕРБ.