Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска смета дека не е виновна за тоа што Градот остана без јавен превоз и не планира да дадер оставка, објави порталот СакамДаКажам
Таа вината ја префрли кон партијата со чија поддршка победи на локалните избори минатата година – ВМРО-ДПМНЕ, односно управниот одбор на ЈСП Скопје.
„Оставка треба да си поднесат одговорните за управување со ЈСП, односно Управниот одбор на претпријатието изгласан од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Арсовска за СДК.
Арсовска која е на функција една година во кампањата за локалните ветуваше бесплатен јавен превоз за сите граѓани и набавка на 250 еколошки автобуси.
И покрај тоа што деновиве Скопје е без јавен превоз, Арсовска тврди дека ќе го воведе бесплатниот превоз и тоа во втората половина на наредната година.







