Пред бугарскиот клуб во Охрид фатен вооружен Бугарин

Пред бугарскиот фашистички клуб Цар Борис Трети во Охрид утрово бил фатен вооружен бугарски државјанин, тврдат жители на околните згради кои сведочат за инцидентот.



Според сведоците на expres.mk кои од околните објекти гледале како полицијата го претресува лицето тој бил вооружен со два ножа.

Вооружениот бугарски државјанин бил фатен при проверка на полициските службеници кои вршат засилена контрола на приодите кон објектот кој беше отворен пред десетина дена а пред една недела му беше искршена таблата.

Сведоците претпоставуваат дека вооружениот бугарски државјанин дежурал пред клубот и сакал да се пресмета со други лица кои повторно би се обиделе да направат штета на објектот кој го носи името на Царот Борис Трети кој ја водел фашистичка Бугарија до средината на втората светска војна.

Останува енигма што барал со оружје на улица

МВР ја потврди веста на expres.mk за вооружениот бугарски државјанин во Охрид