Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, на вчерашното предавање пред студентите. на Економскиот факултет во Сплит се осврна на војната во Украина и даде свое мислење како конфликтот би миожел да заврши.
Милановиќ не дава украински војници да се обучуваат во Хрватска
„Русија не смее да ја изгуби војната, не може да си го дозволи тоа, има огромна енергија и ресурси да победи во војна против речиси секого и тие се таму како нуклеарна сила“, рече Милановиќ одговарајќи на прашање на еден од студентите.
„Единствениот начин на кој гледам дека може да доведе до крај на оваа агресија против Украина е промена на власта во Русија.
Но, низ историјата, имаме одредено искуство за тоа како изгледа кога се менува владата во Москва, од условите на глобалната криза до фактот дека половина свет се опоравува од неа во следните 50 години.
Веројатно не би биле некои весели момци и девојки на шарени велосипеди со корпи напред кои се за братство и еднаквост“, рече Милановиќ.
„Како ќе заврши војната? Значи Русија мора да ја добие војната, од нивна гледна точка тие мора да ја добијат.
Единствен начин да не ја добијат е да ја сменат власта, а тоа нема да се случи без договор на САД, Велика Британија и Русија. Без нив нема договор“, рече претседателот, пренесе Индекс.хр.







