Ердоган: Се договорив со Путин, Европа ќе добива руски гас преку Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека со претседателот на Русија Владимир Путин се договорил за изградба на јазол за природен гас во Турција. Кажа дека Европа ќе добива руски гас преку Турција, пренесува Ројтерс.



Обраќајќи им се на членовите на својата партија Право и развој во парламентот, Ердоган кажа дека со Путин се договорил Европа своите испораки да ги добива преку јазолот во Турција.

„Во Европа сега се бават со прашањето како ќе се згреат во претстојната зима. Ние немаме таков проблем. Со Владимир Путин договоривме создавање гасен јазол во нашата земја преку кој природниот гас, како што тој кажа, би можел да се испорачува во Европа. Така Европа ќе нарачува гас од Турција“, кажа Ердоган.