РУСКИОТ претседател Владимир Путин денеска прогласи воена состојба во четири окупирани региони на Украина, чија анексија неодамна беше прогласена од Москва.



Путин ова го изјави на состанокот на Советот за безбедност во време кога проруските власти во Керсон го евакуираат тој град, а Русите насилно ја напаѓаат енергетската инфраструктура на Украина.

Објавувањето на воена состојба во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје треба да му даде на Кремљ, барем формално и законски, уште поцврста контрола врз тие четири украински региони.

Путин го претстави воведувањето на воената состојба како техникалија, додавајќи дека во тие региони веќе постои де факто воена состојба, но тоа е одговор на руските воени порази и на украинската контраофанзива во исток и југ, објави на Твитер Макс Седон, шеф на московската канцеларија на Фајненшл тајмс.

Кевин Ротрок, уредник на независниот руски портал Медуза, објаснува што му овозможува на Кремљ воведувањето на воена состојба.

„Воената состојба дозволува воведување полициски час, воведување ограничувања за патување и престој, воена цензура, означување на уште повеќе информации со тајниот знак, забрана за штрајкови, воведување работни обврски и многу повеќе“, објаснува Ротрок.