Автобуси на ЈСП ја блокираа улицата пред Владата

Неколку автобуси на ЈСП пристигнаа пред Владата и ја блокираа улицата, на протестот на вработените на јавниот градски превозник.



Протестот беше најавен уште вчера.

Вработените на ЈСП „Скопје“ денеска протестираат барајќи Владата да им ги исплатати средствата за бесплатен превоз на учениците и студентите, за да можат да исплатат плата.

Тие се заканија дека ако денеска не добијат плата, возачите и мајсторите во ЈСП утре наутро со своите семејства во 4:30 наместо на работа, ќе излезат на протест за да го изразат револтот.

Утрово пак, градот остана без јавен превоз, со исклучок на приватните автобуси кои се обидуваа да ги опслужат граѓаните, откако возилата на ЈСП беа исклучени од сообраќај поради тоа што еден од вработените се закани со бомба доколку не се исплати плата.