Бугарските пратеници не можат да изберат претседател на Собранието

Ниту еден од предложените 4 кандидати за претседател на бугарското Собрание не беше прифатењн од пратениците.



Непишано правило е партијата што ќе победи на изборите да го предлага претседателот на Собранието. На ова потсети шефицата на парламентарната група на ГЕРБ Десислава Атанасова на почетокот на расправата за избор на претседател на Народното собрание.

Има четворица кандидати, а прва политичка сила – ГЕРБ го предложи Росен Желјазков.

Таа ја истакна потребата од консензус.