Хрватскиот претседател не бил со идејата дека украинските војници се обучуваат во Европа, но во принцип не поддржува обука на „воена жива сила“ на хрватска територија бидејќи тоа би значело вовлекување на Хрватска во украинската војна, јавува Индекс.хр.
15.000 украински војници ќе се обучуваат во земји на ЕУ
„Јас не ја поддржувам таа идеја затоа што не го поддржувам вклучувањето на Хрватска во оваа војна повеќе отколку што треба. Тоа ја носи војната во Хрватска. Ние сме коректни, солидарни сме и тоа е тоа“, рече тој.
Доколку Министерството за одбрана на Република Хрватска се согласи со таквата идеја, Милановиќ однапред вели дека „како врховен командант (на хрватските вооружени сили), нема да го одобрам тоа“, рече тој.
Тој додаде дека многумина профитираат од војната во Украина, на пример „политички парадери“.
Милановиќ вели дека „ обуката на воена жива сила за војна во трета земја е нешто за што треба внимателно да се размисли“.







