Дојава дека ќе биде поставена бомба во автобус на ЈСП „„Скопје“ стигнала по електронската адреса на претпријатието.



На возачите им било соопштено дека мораат да ги вратат автобусите во базите за проверка, па поради тоа од сообраќај се повлечени сите автобуси што создаде вистински хаос во јавниот превоз.

Од претпријатието за СДК.МК потврдиле дека доцна синоќа добиле заканувачки меил и  утрово веднаш штом бил виден сите автобуси се повлечени од сообраќај и случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи.

Дојавата, се чини, коинцидира со најавениот протест на вработените во ЈСП, денеска, точно напладне, пред Владата.

Тие ќе протестираат пред владината зграда поради неисплатени плати.