Поштарите на предупредувачки штрајк – бараат септемвриска плата

Со предупредувачки прекини во работата во време траење од половина час, вработените во Македонки пошти денеска ќе алармираат дека се уште немаат земено плата за месец септември.



Предупредувачките прекини, велат вработените ќе се одвиваат за време на паузата во времетраење од половина час се со цел за да не бидат оштетени корисниците на нивните услуги, но доколку не земат плата тие најавуваат и протест пред Владата.

Истиот ќе се одржи идната сабота на 29 октомври..

Законската обврска инаку за земање на плата е до 15 во тековниот месец, но до овој момент Македонска пошта нема обезбедено доволно средства за пуштање на платите за вработените.

На Македонска пошта ѝ фалат уште 50 милиони денари денари, на сметка имале 15 милиони денари, велат од синдикатот. Во Македонска пошта вработени се 2.000 лица.

Раководството на пошта се надева дека Владата ќе им излезе во пресрет за да се обезбедат овие 50 милиони денари, во спротивно плата нема да има ниту во наредниот период, а протестот ќе биде неизбежен.