Бугарскиот претседател Румен Радев ја критикуваше идејата за испорака на оружје на Украина, велејќи дека на тој начин Бугарија ќе остане без тоа што го има.



„Испораките на оружје на Украина ќе доведат до зголемување на дефицитот на воените капацитети на подолго време“, предупреди тој.

Радев нагласи и дека е „исклучително наивна или сериозно некомпетентна“ изјавата дека Бугарија со испорака на оружје на Украина веднаш ќе добие подарок – НАТО оружје.

„Тоа се сложени процеси кои ќе траат со години“, вели тој.

Претходно министерот за одбрана на Бугарија, Димитар Стојанов, изјави дека украинскиот амбасадор Виталиј Москаленко повторно апелирал до Софија со барање да му достави тешко оружје на Киев, а Софија повторно одбила.