Парно греење ќе има, ама уште 10-ина дена, потоа државата мора да се снаоѓа како знае и умее. Затоа, уште сега на власта и гори под нозе и во „5 до 12“ е растрчана да обезбеди природен гас за радијаторите да останат топли, иако сега гејат само три часа. Топланата „Скопје Север“ веќе го вклучи црвениот финансиски аларм дека касата е празна. Директорот Куштрим Рамадани ги повика надлежните да изнајдат начин да помогнат бидејќи гас има само за два дена. Граѓаните збунети, велат дека не било фер да ги плаќаат сметките во текот на целата година, за на крај државата да си игра мајтап со нив.
Иако граѓаните се во прашалници и не знаат што ќе се случува од слдниот месец, регулаторот уверува дека парно греење ќе имало цело време. Од државните електрани се огласија дека конкретно на „Скопје Север“ нема да му дадат пари поради долгови од минатата грејна сезона.
Дел од корисниците кои се снабдуваат со парно од топланите Исток и Запад се уште немаат топли радијатори. Како нов снабдувач „ЕСМ“ сега ги повикува да се обратат на еден од трите пункта во Центар, Карпош и Аеродром и да склучат нови договори. Државната „ЕСМ“ доби лиценци за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Гарантираат температура на радијаторите од 21 степен.
Претходно, по препорката од регулаторната комисија, училиштата и компаниите кои се снабдуваат на отворен пазар да не се префралт на регулиран, од владата тврдат дека сеуште се разговара со регулаторот да се најде начин тие да добијат поефтина струја од берзанската. Првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовкси, сугерираше дека ќе се оптовари системот, но и ќе се јави и проблем кај цената за домаќинствата.





