Прeтседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Отворено студио на МРТ“ предложи Викенд без ДДВ за основните прехранбени артикли за да се ублажи ценовниот шок.
„Затоа ние рековме дајте луѓе да имаме викенд без ДДВ со кој што на основните прехрамбени продукти ќе им овозможиме пониска цена за да можат граѓаните да си ги дозволат затоа што денеска стана луксуз месо да се купува или некои одредени основни прехрамбени производи“, кажа Мицкоски.






