Предвремените избори се неизбежни изјави за бТВ политикологот проф. Светослав Малинов.
Тој предупреди дека постои опасност повторно да се влезе во изборна кампања.
Дискусијата за буџетот за следната година не може да биде дел од изборната кампања, но ако стане дел од неа, може да се случат работи кои не се граничат само со неодговорност, туку и со нешто полошо, посочи Малинов.
Според него, добро е шефот на државата Румен Радев да го зголеми времето во предавањето на мандатите, зашто не постои сигурно парламентарно мнозинство.
Според Малинов, можноста за нови предвремени избори е многу голема.






