Синдикатот на ЈСП вчера донесе одлука да не почнува со штрајк,откако им било ветено дека дернеска ќе им биде исплатена заостанатата плата.



Миќо Стојановски од Синдикатот на работниците од сообраќај и врски за Канал5 телевизија рече дека доколку до среда не им биде исплатена платата ќе прекинат со работа.

По најавите за штрајк раководството на ЈСП соопшти дека проблемот ќе биде решен и граѓаните на Скопје нема да останат без јавен превоз.

„Веруваме дека централната власт и дел од општините ќе ги исплатат заостанатите обврски кои ги имаат за испорачаната услуга од страна на ЈСП за организиран превоз за одредени категории патници, средства со кои се исплаќа платата за вработените во ЈСП. Очекуваме дека час поскоро ќе ги подмират минатогодишните долгови и тековните обврски како не би се довела во прашање редовната работа на претпријатието“, соопштија од раководството на ЈСП.