И три деца меѓу загинатите кога руски ловец падна во руски град

Спасувачите рано утринава го соопштија билансот на несреќата и соопштија дека потрагата по преживеани е прекината откако вчера руски воен авион падна во двор нна зграда во населбата Јеиск на руската страна од Азовското море.



„Вкупниот број на жртви е 13, меѓу кои три деца, а 19 лица се повредени“, соопшти Министерството за вонредни ситуации, пренесоа руските агенции.

Авионот Су-34 паднал во дворот на станбена зграда во населбата, а на местото на падот се запалило горивото во леталото, што предизвикало огромен пожар во деветкатницата.

Авионот се урнал при полетување на тренинг лет од воениот аеродром на Јужниот воен округ, соопшти Министерството за одбрана.

Членовите на екипажот на авионот нуспеале да се катапултираат.