Олексиј Арестович, советник на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, смета дека Русија го пронашла „клучот“ за воздушната одбрана на Украина, „а тој клуч е да нè натера да го испукаме целиот наш ракетен фонд додека се бориме со беспилотни летала“.
Арестович истакна дека со ова темпо Украина може да ги издржи руските напади најмногу 2-3 месеца, пренесува Б92.





