Ние сме во континуитет следени, нелегално со злоупотреба на службената положба на високи функционери од разузнувачките и безбедносни служби на Македонија, изјави вечерва за ТВ Сител Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој вели дека редовно е прислушуван и следен претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а и тој и други претставници на опозицијата биле прислушувани.
„Високи функционери на тие безбедносни служби се гледаат со новинари и им пласираат полувистини и невистини насочени кон опозицијата кои потоа треба да се објават. Тие луѓе доставуваат такви извештаи и до одредени странски амбасади во Македонија и директно ја оцрнуваат и напаѓаат опозицијата. Работата на безбедносните служби е да ги штитат државата и уставно правниот поредок на Македонија. Една претходна влада падна заради масовно прислушување. Оваа влада имаше перфектен начин да ја научи таа лекција, ама обземени од моќта од тајните служби и тие ќе изгорат можеби и полошо од претходната власт“, изјави Николоски.







