За да не останат „смрзнати“ зимава граѓаните почнаа да склучуваат нови договори за парно греење. Откако државните електрани, односно „ЕСМ“ ги презеде топланите „Исток“ и „Запад“ заедно со парното од „БЕГ“ ги повика корисниците да дојдат во пункотовите за наплата и да потпишат нови договори. Но тоа не оди така подмачкано. Уште од првиот ден иако немаше голем метеж, граѓаните се револтирани зошто во 21 век кога се е дигително, мора да потпишуваат нови договори за парно греење.
– Како може во 21 век, во денешно време да се акаме по шалтери за глупости. Mислам дека нема потреба да не малтретираат бадијала, кога сето тоа може да оди и електронски, се жалат граѓаните пред камерата на Алфа, кои денеска дојдоа пред еден од пунктовите во Скопје.
Пред пункотвите на топлана доаѓаа, и веднаш си заминуваа граѓани кои го чуле повикот на „ЕСМ“. Дел ги потпишале новите договори, а на дел им побарале дополнителни документи. Граѓаните во прашалици.
– Ми бараат извод, ми бараат имотен лист, но и сето тоа да е заверено на нотар, па и да ја носам мајка ми која има 90 години, а жената лежи в кревет, можело и со полномошно, но нема тоа како сега да го направиме, реагираат граѓани кои дојдоа, но не завршија работа, иако како што велат, денар не должат и сите фактури биле на време подминерни.
Околу 60.000 домаќинства и тоа ги засега новата грејна сезона во Скопје. Парното стаса, но не кај сите корисници. Велат дека се гаси само што ќе се приклучи.
– Само што ќе го пуштат го гасат парното. Од сабајле од 7 па и 8 часот и веќе во 9 полека се намалува и после тоа немаме греење. Плаќаме, и тоа во текот на цела година, за што? За да не зезаат со греењето, реагираат граѓани.
За да се склучи новиот договор, граѓаните треба да носат лична карта и фактура за парно од БЕГ.
– Напоменуваме дека „ЕСМ Снабдување“ со топлина ДООЕЛ Скопје ќе им овозможи на граѓаните соодветен временски период за регулирање на обврската, и дека ако од различни причини корисниците не успеат да склучат нов договор до крајот на месецот, греењето непрекинато ќе се испорачува и во ниеден момент испораката нема да биде загрозена, велат од компанијата.
Пунктовите кај Олимписки базен, во Аеродром зад Капитол, и во во Тафталиџе кај топланата – се отворени секој работен ден од 8 до 18 часот и во сабота до 13:30 часот. Исклучените од парно, нема да има потреба да склучуваат нови договори со „ЕСМ“.
Сепак, од топлинската компанија уверуваат дека цела грејна сезона парно ќе има. Ако нема гас во Европа и регионот, ќе се обезбедио дизел.
Сега, парното топли околу 3 часа и тоа само од сабајле. Од „ЕСМ“ велат дека набавиле колку што е потребно, зашто според прогнозите, топлото време ќе било на нивна страна уште некоја недела.
Реакциите од граѓаните видете ги на овој линк.





